x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Длабоко во ноќта

автор: Рајли Сејгер

залиха
Издавачи: Антолог
Јазик: македонски
Година на издавање: 2025
Корица: Мека корица
Страници: 381
Жанр: Белетристика , Трилер
550мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Најлошото што некогаш се случило во населбата Хемлок Сиркл се случило во задниот двор на Итан Марш. Една јулска ноќ, дестегодишниот Итан и неговиот најдобар другар Били заспиваат во шаторот на уредниот тревник од семејната куќа на Маршови во една тивка, живописна населба во Њу Џерси. Следното утро Итан се буди сам. Во текот на ноќта некој со нож го расекол шаторското крило и го грабнал Били – кој потоа никогаш не е пронајден. Триесет години подоцна, Итан неволно се враќа во својот дом од детството. Измачуван од кошмари, почнува да забележува чудни нешта што се случуваат во соседството длабоко во ноќта. Како некој да талка низ уличката, а во задниот двор почнуваат да се јавуваат знаци на присуството на Били. Му прави ли некој несовесни шеги? Или, пак, тој навистина се вратил во Хемлок Сиркл? Таинствените појави го наведуваат Итан да почне да истражува што всушност се случило, потрага која повторно го спојува со дамнешните другари и соседи и потрага која го води во шумата околу населбата. Колку повеќе Итан се доближува до вистината, толку повеќе сфаќа дека ниедно место, ниту во тивката шума, ниту на мирната улица, не е сосема безбедно – и дека минатото има свои начини на кои секогаш ќе ја прогонува сегашноста.
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!