Ние не продаваме книги, ние продаваме среќа!
Добивајте известувања за сите попусти и промоции
Нашата цел и визија отсекогаш беше да им ги доближиме најголемите светски хитови на македонските читатели, да им ги подариме најубавите книги на светот на мајчин јазик; секогаш со одлични преводи и временски во чекор со најдобрите интернационални издавачи. Бевме и засекогаш ќе останеме еден од најголемите промотори на читањето кај нас затоа што ние живееме за книгите.
Од еден линк се раширија корените на масовно промовирање на читањето во Македонија, се намножија хард кор читатели, се изродија книжевни групи на Фејсбук, издавачки куќи, книжевни блогови. www.sakamknigi.mk беше порталот за љубители на книги кој собра речиси 100.000 читатели на едно место, порталот кој доби прва награда за најголем промотор на читањето во Македонија и кој никогаш не престана да работи на нови идеи за дополнително унапредување на читателската култура.
Три книжарници, 55 соработници ширум земјата, 15 редовни вработени членови во нашиот тим и уште 15 хонорарци кои неуморно работат на исполнување на сите наши и ваши книжевни фантазии.
Колин Хувер, Кристин Хана, Себастијан Фицек, Крис Картер, Сузан Елизабет Филипс, Емили Хенри, Вај Киленд, Софи Кинсела, Сара Џио, Лиса Клејпас, Лиса Гарднер, Али Мартинез и уште долга низа други странски и домашни автори секојдневно ни носат среќа нам и на нашите читатели.
зграда Тифани
1 кат
среден ден, спроти кафе Ревија
ГТЦ, Дебар Маало и ТЦ Зебра
Ул. Македонија, Ист Гејт, Сити Мол
ГТЦ, Бисер и Буњаковец