Бараме автори со креативни идеи, уникатен стил и многу приказни во ракавот.

Писател, соработник, пријател, отворен за соработка со екипа што живее за книгите и сугестии од професионалци што ќе му помогнат да прерасне во хит автор во Македонија.

Моментално бараме

Личноста што ја бараме:

Има оригинални идеи и знае како да ги пренесе на хартија.
100%
Има свој стил, но пишува приказни што можат да допрат до поширока публика.
100%
Има прочитано многу книги во животот; за споредба, за учење, за градење на сопствен стил.
100%
Може да се замисли себеси како дел од екипата на Сакам Книги и да стои рамо до рамо со нашите останати автори.
100%
Моментално не бараме:
  • - Поезија
  • - Биографии
  • - Научна фантастика
  • - Стручни содржини
За жал, нашето време е многу ограничено и сега засега нема да ги читаме апликациите за овие жанрови и категории.

Те интересира што нудиме?

Што значи да си дел од тимот на Сакам Книги?

Ако се покаже дека имаш приказна што сакаме да ја објавиме, ти стануваш дел од Сакам Книги, а ние комплетно застануваме зад тебе.
Ти обезбедуваме експертиза и ресурси за професионално финиширање на книгата, ја издаваме, ја дистрибуираме во 55 книжарници со кои соработуваме низ земјата, ја промовираме и максимално се вложуваме да стане национален бестселер.

Заинтересиран/а? Ова се следните чекори!

Провери си ја добро книгата уште еднаш; можеби сакаш да направиш некои корекции, можеби сакаш визуелно да ја средиш. Важна напомена: ракописот треба да е напишан со македонска поддршка. Ракописите напишани на латиница воопшто не се читаат.

Испрати ни ги пополнетиот формулар и ракописот на мејлот: rakopisi@sakamknigi.mk

Важна напомена: Поради големиот број на мејлови што ги добиваме секој ден не сме во состојба да им одговориме на сите. Како и да е, доколку сме ја прочитале твојата книга и ни се допаднала, секако ќе бидеш исконтактиран/а.