x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Облогот

автор: Станка Бајлозова-Барламова

залиха
Издавачи: Три
Јазик: македонски
Жанр: Раскази , Останати домашни автори
Корица: Мека корица
Година на издавање: 2025
Страници: 258
350мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Овие се приказни кои без проблем ги минуваат границите на македонскиот јазик и излегуваат надвор и од македонската книжевна сцена. Ако нѐ води мислата на Жан Пол Сартр дека „Зборовите се наполнет пиштол“, тогаш приказните што ги раскажува Станка Бајлозова-Барламова се пиштол што може да ти ја разнесе и мислата и душата. „Ако си осамен кога си сам, тогаш си во лошо друштво“, вели Сартр. Во какво друштво се ликовите од збирката „Облогот“? Во меѓувреме Станка Бајлозова-Барламова ферментираше како автор. Ферментираше и нејзиниот стил. Се разви нејзината приказна. И нејзе (и на авторката и на приказната) ѝ / им стана тесно во сокачето на македонската книжевна сцена, иако од неа учи како да им даде глас на семантички полните имиња, како Посебољуб Инаетовски, Огнен Воденов или Игла Остроумовска, иако од неа ја наследува и магичната атмосфера што ја носат расказите на Петре М. Андреевски и Живко Чинго. „Постојат книги кои што сами по себе инсистираат да ви го променат животот“, запишува старицата во својата тетратка по прочитаниот роман што утрото ѝ го подарува мајсторот во еден од расказите на оваа збирка. Можеби токму „Облогот“ е една таква книга. А, што велите? Да се обложиме дека е така? Весна Мојсова-Чепишевска
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!