Сѐ што мажот е се состои од девет приказни за девет мажи во различни периоди од нивните животи - од тинејџерска возраст до длабока старост. Секој од деветте ликови во книгата е на пресвртна точка од својот живот и се обидува да ја разбере смислата на своето постоење. Солој успева да изгради наративен калеидоскоп и да долови вознемирувачки, мрачни, комични, трогателни, ведри и тажни сцени и преку заеднички мотиви и детали да ги спои приказните во необичен, иновативен, хибриден роман кој истражува што значи да се биде маж во Европа на почетокот од XXI век.
Напишете мислење/рецензија