Америка е синтеза. Точка на вриење. Почнувајќи од најраното детство во Аризона и американските училишта, па се до средби кои го менуваат животот и познанства што не стигнале да прераснат во пријателства. Во овој свет што ја создава осаменоста - тешко е човек да се потсетува. А камоли да напише длабоки есеи, кои не се само критичко видување, туку истовремено и личен, вонвременски дневник. Молитвите завршуваат со амин, животот со смрт, есејот со точка (најчесто). Ретко, токму како во овој случај, завршуваат во книга која е опасна за припадноста на читателот. Ќе го предизвика да си припаѓа севеси, без разлика во која земја живее. Модерно, урбано, светско, а непретенциозно и едноставно. Накратко: ремек-дело. Вељко Лалиќ Ако во расказите Бужаровска е ненадминлива, во есеите е - па, Господ! Петар Андоновски
Напишете мислење/рецензија