„Си беа еднаш две семејства чиишто судбини ни смртта не можеше да ги раздвои...“ Заплеткани во политичките превирања во земјата во која живеат, семејствата Хајдер и Харапа ќе бидат втрунати во вителот на историјата и растргнати од сопствениот срам. Среде семејните скандали и трагедии, најтивка е младата Суфија Зинобија Хајдер. Но нејзиниот молк, што сите го толкуваат како малоумност, се распламтува под огнот на срамот и ја претвора девојката во отелотвотение на насилството. Срам е еден од најдобрите романи на извонредниот Салман Ружди. Во него авторот брилијантно ги демонстрира сите книжевни потенцијали на магичниот реализам и создава безвременско дело во кое ни љубовта ни смртта не можат да се справат со канџите на срамот.
Напишете мислење/рецензија