x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Левантски бројаници

автор: Амин Малуф

залиха
Издавачи: Три
Јазик: македонски
Година на издавање: 2024
Корица: Мека корица
Страници: 214
Жанр: Историски драми , Останата фикција
400мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Љубовта може да остане недопрена, и чувствата исто така. Месец по месец, година по година. Животот не е толку долг за да се умори човек. Раскажана со своите сопствени вистини, кои вредат колку што вредат сите вистини, оваа книга ќе биде една од најемотивните што некогаш ќе ги прочитате во животот. Левантски бројаници е некогашно име на низа трговски градови низ кои минувале патниците од Европа на пат кон Исток. Од Цариград до Александрија, преку Смирна, Адана или Бејрут, сите тие долго време биле места каде се среќавале разни јазици, обичаи, религии и верувања. Светови кои историјата полека ги обликувала пред самата да ги разори, патем уништувајќи и безброј животи. И одбележувајќи го животот и на оние кои во тој миг сè уште не постоеле. Како и животот на херојот на овој роман, човек со извртена и трагична судбина, Осијан. Чекор по чекор, во овој прекрасен француски роман го следиме животот на Осијан – од агонијата на Втората светска војна и трагедиите кои и ден-денес го растргнувааат Блискиот Исток, низ детството на неговиот бунтовен татко, животот во окупација, средбата со саканата, остварувањето на соништата, сè до слегувањето во пеколот – и личниот и општествениот. Оневозможен од својата иднина и достоинство, на Осијан му се ускратени дури и наједноставните радости. Што преостанува кога ќе се изгуби сè? Единствено надежта. И љубовта што чека, тивка, но силна, помоќна дури и од историјата.
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!