Дури и животот во пустелија може да зазелени, ако ни цути нашата внатрешна градина. Што останува кога заминуваме, кој се сеќава на нашиот изминат пат?, се прашува Скалде во куќата полна со тишина и тајни. Таа го знае светот само од раскажувањето на мајка ѝ Едит. Ретко ја преминува границата на домот, ретко се среќава со далечните соседи. Светот е застрашувачко место. Никогаш нема видено сино небо, нивното село е покриено со магла. Некогаш имало снег и дожд, зелена трева и дрвја полни со овошје, но сега земјата е сува е неплодна. Ненадејно, во оваа пустелија пристигнува девојчето Мајзис. Од каде? Никој не знае. Токму таа е причината поради која Скалде одбива да ја слуша мајка си и заканите од соседите. Љубопитството и пркосот ѝ стануваат позначајни од безбедноста. Извонреден и освестувачки, дебитантскиот роман на Хелене Буковски зборува за тоа што значи да се живее со разорните влијанија на климатските промени и да се биде мајка отпадник од општеството. Дистописка приказна во која секој посведочен момент и изговорен збор се стежнати од важноста на тивкиот, внатрешен свет на ликовите што живеат на крајот од светот. „Модерна бајка – топла, но не сентиментална. За познати, а сепак мистериозни работи. Неколку дена живеев во старата куќа покрај шумата со Скалде, Едит и Мајзис и на крај сосила бев извлечкан од вратата. Ретко кои ликови толку ми прираснале за срце.“ Филип Винклер
Напишете мислење/рецензија