Не биди роб на своето минато, туку господар на својата иднина Револуционерна книга што ја преобликува дефиницијата за успех за да ни покаже што навистина значи богат и исполнет живот. Следете го примерот на Шарма, зошто богатството со кое ќе го облагородите срцето е многу позначајно од сите материјални работи и од сето она што ќе го ставите во банка. Вистинското богатство е многу повеќе од брз автомобил или луксузен одмор на егзотичните острови. Парите се само еден вид на богатство. Затоа многу луѓе, и покрај финансиските успеси, се исклучително сиромашни во нештата што се навистина важни во животот - среќата, здравјето и спокојството. Општеството ни продава варијанта на успех што многумина ги остава празни во душата, неостварени и полни со каење. За среќа, постои многу подобар начин. „Богатство што не се купува со пари“ ќе ви открие систем кој го менува животот и ќе ви помогне да го промените од корен пред да биде предоцна. Ќе научите дека формулата втемелена врз осумте скриени навики што ги користат вистински богатите луѓе е совршен начин за да ја земете судбината во свои раце. Отворете ја оваа книга и дозволете човекот кој го најде ќупот со злато копајќи во себе, да ви понуди сознанија што водат до неисцрпен извор на богатство: * Како да станете сопствен создавач на добри шанси * Дури 90% од вашата среќа доаѓа од правилно избраниот партнер * Секојдневно работете на себенадминување * Помагајте им на луѓето, служете во локалната заедница * Скриените навики на вистински богатите луѓе се лесно достапни за секој * Прифатете ја чудесната идеја да „исчезнете“ една година од лицето на светот... Неверојатно моќна книга што ќе ви ги прошири хоризонтите. Полна со практични алатки и тактики за трансформација, таа ви ја открива филозофијата со која конечно ќе ви се насмевме вистинското богатсво.
Напишете мислење/рецензија