Крилче е птица. Тој има клун, две нозе и две крилја. Па, сепак, Крилче не е како другите птици... Крилче има страв од летање. Така, кога неговите пријатели наесен ќе заминат во топлите јужни краишта, Крилче останува сам. Сепак, Крилче можеби е плашлив, но тој има златно срце! Кога е студено и на животните во шумата им е потребна помош, Крилче е секогаш во близина да им помогне. И така, тој станува херој!
Напишете мислење/рецензија