x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Мудар родител среќен тинејџер

автор: Хедвиг Монтгомери

залиха
1. Жанр: Психологија , Нефикција , Родителство
Корица: Мека корица
Страници: 208
Година на издавање: 2022
Издавачи: Антолог
Јазик: македонски
600мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Петтата книга од серијалот посветен на семејниот живот и начинот на воспитување ќе ви помогне да ги согледате потребите на детето кога е на возраст помеѓу 13 и 19 години. Адолесценцијата е период кога на родителите им изгледа дека детето станува и го напушта сето она што го изградиле заедно. Големото ново чувство кај тинејџерите е желбата да се оддалечат од познатото. 
 Тие го прават тоа за да се пронајдат самите себе, но семејството во кое пораснале и во кое веројатно им е добро, сега се доживува на целосно нов начин. Тинејџерите бараат подобри верзии, сонуваат за нешто друго: за родители кои се покул, за подобра исхрана и поопуштена атмосфера. Меѓутоа, дури и кога се оддалечува, детето во целост зависи од односот што го имате.
 Истовремено сте и пресудни, но веќе и помалку важни. 
 Зошто тинејџерите сè повеќе ја губат самодовербата и стануваат самокритични? Зошто срамот на оваа возраст е посилен од порано, а стравот од погледите на другите понекогаш е речиси оневозможувачки? Тинејџерските години се напорни, кревки и полни со животни случајности. Покрај тоа што другите ги гледаат поинаку, тинејџерите го менуваат и погледот што го имаат самите за себе. На адолесцентите никој не им се насмевнува како што е тоа случај со малите деца.
 Училиштето во нив ја всадува сериозноста што ги чека, а од друга страна и љубовните проблеми стануваат посложени. 
 Потрудете се барем вие да сфатите дека под лушпата создадена од проблемите се крие човечко суштество. Покажете разбирање и поддршка за оние кои навистина ја чувствуваат силата што се разбудила.
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!