Овој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологија, напишан од меѓународно признати експерти за комуникација меѓу родители и деца, содржи голем број важни сознанија и предлози, но и методи (за коишто се покажува дека успешно го издржуваат тестот на времето) за решавање на честите проблеми коишто се среќаваат во рамките на оваа комуникација и за градење основи за трајни врски, вклучувајќи бројни иновативни начини за: · Справување со негативните чувства на вашето дете, како што се фрустрираноста, лутината и разочарувањето. • Изразување на вашите силни чувства без притоа никого да повредите. • Остварување ефективна соработка со вашето дете. • Поставување цврсти граници и одржување на добрата волја. • Користење алтернативи за казнување кои поттикнуваат самодисциплина. • Разбирање на разликата помеѓу корисните и некорисните пофалби за одделни поведенија. • Мирно разрешување на семејните конфликти. Ентузијастички фален и од родителите и од бројни експертиnод оваа област низ светот, пристапот на Фејбер и Мазлиш ги прави односите со децата од сите возрасти помалку стресни и, општо земено, повредни и позадоволувачки.
Напишете мислење/рецензија