Сергеј Трифуновиќ истовремено е синоним за еден од најангажираните актери од Србија, но и редок пример на уметник од овие балкански простори што успеа да изгради своја забележителна кариера на „гостински терен“ – во САД.
Но, Сергеј Трифуновиќ е познат и по други нешта: музиката, хуманитарната работа, јавните настапи, социополитичкото гласноговорништво. А сега, на ред дојде и книжевноста!
Во ова дело Сергеј ги прикажува своите веќе добропознати, но, што е уште поважно, скриени емоции. Сето она со што го поврзуваат: бунтовништвото, пркосот, своеглавоста, но и себекритичноста, креативната перцепција, скромноста, беспоштедноста кон себеси…
Познатиот и непознатиот С. Т. на едно место. Како што вели Владисав Бајац, резултатот од ова е: „Помалку автобиографија, а повеќе биографија за себе (она кога пишувате за себе како за друг). Автобиографија низ другите и преку другите. А најмногу патопис низ испреплетената Амеро-Србија, од Белград и назад, преку Париз, Амстердам, Њујорк и Лос Анџелес, но и Лос Аранѓеловац.
Тоа се пределите на телото. Сè друго во оваа книга се предели на душата.“
Напишете мислење/рецензија