Јулија е господарка на сопствениот живот. Никој како неа не умее толку цврсто и разумно да ги држи конците на случувањата.
Таа самата одлучува кога да забремени и на бременоста ? приоѓа со сета сериозност и деловна одговорност.
Откако по неблагопријатниот тек на случувањата Јулија останува и без партнерот и без бебето, се решава да посвои дете.
И тука навидум среќата ? се насмевнува: благодарение на способноста за преговарање успешно ја склучува зделката по која ја добива Агнес, новороденче од ромско потекло.
Од овој миг натаму доволно ќе биде да се согласуваат и Јулија ќе успее од Агнес да ја создаде Анешка, девојчето од мечтите, кое нема ништо заедничко со ромскиот народ. За да ? успее планот, Јулија ја смислува приказната дека Агнес има кубанско потекло, која потоа ќе им ја продава и на Агнес и на светот.
И покрај сите усилби, Јулија постојано во Агнес ќе го препознава „повикот на крвта“. А можеби, сепак, „повикот на крвта“ е само плод на предрасудите на Јулија?
Напишете мислење/рецензија