x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Танцот на среќните сенки

автор: Алис Манро

залиха
1. Жанр: Драма , Раскази
Година на издавање: 2022
Корица: Мека корица
Страници: 296
Издавачи: Бегемот
Јазик: македонски
350мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Пред педесет и четири години збирката раскази „Танцот на среќните сенки“ на Алис Манро ја доби наградата Governor General’s Award, една од најважните канадски книжевни награди (чест што ? беше укажана на Манро двапати пред да ја добие Нобеловата награда во 2013 г.). 
Споредени со долгите, независни приказни, кои подоцна ќе станат заштитен знак на Манро, приказните од „Танцот…“ се покуси и со поконвенционална наративна структура. Расказите од збиркава се движат околу руралните средини на Онтарио.
Низ приказните што соодветствуваат со вистинскиот живот на таткото на Манро како одгледувач на лисици, таа ги истражува карактеристичните родови улоги во куќата наспроти надвор од неа, видени низ очите на една млада нараторка. Од приказна во приказна се чувствува постојан копнеж за независност.
 Желбата да се крене глас – насушната потреба да се искаже личната или општествената неправда – се бори против тешкиот товар на колективните стандарди. Овој притисок посилно се чувствува кај повозрасните генијално изградени ликови во расказиве, кои во борбата влегуваат со поголем влог и со многу поголеми последиците од неуспех.
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!