Дамблдор доаѓа да го земе Хари уште за време на летниот распуст една од неговите дланки е поцрнета и сува, но Хари не дознава зошто.
Сепак, во тој момент почнува нивната заедничка мисија: да се влезе во темното минато на Лордот Волдеморт и да се открие неговата најдлабока тајна. Во меѓувреме, пак, волшебничкиот и маголскиот свет се во хаос.
Секојдневно исчезнуваат волшебници и обични луѓе, присуството на дементорите се чувствува насекаде, а министерствата на двата света се на работ на пропаст – знаци дека полека но сигурно Мрачниот господар ја наметнува својата власт. Дури и Хогвортс – најбезбедното место на светот – веќе не може да ја гарантира сигурноста на своите ученици.
Силите на доброто и злото веќе длабоко се навлезени во отворена војна.
„Хари Потер и Полукрвниот принц“ е шестиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.
Напишете мислење/рецензија