Куферот со спомени, радости и таги е полн и тежок, Милена Лунеска од него ја извлекува силата за да си ги исцели раните, да се исправи и да продолжи да се бори.
Затоа што животот за неа е и танц и борба и газење боса по трње и посегање по ѕвездите и „Љубов облечена во бело“.
„...Денес, кога на домот наш, ново име му запишуваме, а ѕвонлива смеа танцува по подовите, Ти, закопчај ја со душата љубовта наша, како скапоцен костум, Јас, во невестинско бело ќе ја облечам среќата, па со насмевки и музика на радоста да ја отвориме вратата, свечено да го пречекаме ЖИВОТОТ!...“
Напишете мислење/рецензија