Ако по читањето на овие стихови не ве полазија благи морници од суптилно естетско задоволство, нешто не е во ред: 1) со песните 2) со вас. Бидејќи стиховите се - а секој писмен критичар ќе се заколне дека се - врвни, останува само длабоко да се замислите за следните прашања: кога, како и зошто станав толку нечувствителен и отрпнат? Зошто од сите овие бисери мојата душа не затрепери? И каде е таа, по ѓаволите? Овие песни се пишувани во последната мирнодопска деценија на Југославија и го отсликуваат духот на тоа време и младешкиот бунт на поетот и неговата генерација. Со (авто)иронија и голема самоувереност, тој им се потсмева на авторитетите и на застарените норми истакнувајќи дека единственото навистина важно нешто е уметноста. Духовита, остроумна и храбра, понекогаш сурова и апсурдна, поезија во која може да се пронајде секоја генерација. Пловењето низ песните во оваа книга со интригантен наслов е возбудливо искуство кое ги шири хоризонтите - и на поезијата и на животот.
Напишете мислење/рецензија