Сите живи суштевства се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, имаат совршен вроден инстинкт за ткаење мрежи. Луѓето, за да преживеат, имаат совршен вроден инстинкт за ткаење приказни. Ова е уникатно издание на избрани есеистички текстови во форма на колумна, запис, беседа, јавно излагање и сеќавање, кои за првпат се објавуваат заедно на македонски јазик. Горан Стефановски ги пишувал и ги објавувал во распон од цели три децении. Сите тие лајтмотивски се проникнуваат градејќи еден хипертекст за идентитетот како клучен, егзистенцијален топос на Стефановски. Кој сум јас, кои сме ние? Кој е другиот, кои се другите? Како да се надминат стереотипите овозможувајќи културни проникнувања во европскиот цивилизациски простор? Издвојувајќи пет конситуитивни македонски одлики, од принципот на парадоксалноста до жилавоста, Горан Стефановски заклучува дека „ниедна култура не може да опстане без точна, снажна и автентична приказна! И не само тоа: културата е токму таа точна и снажна автентична приказна.“
Напишете мислење/рецензија