x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Волкот

автор: Самуел Бјорк

залиха
1. Жанр: Трилер
Година на издавање: 2023
Страници: 448
Корица: Мека корица
Издавачи: Антолог
Јазик: македонски
450мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

4 МИА КРИГЕР И ХОЛГЕР МУНК
 Во четвртата книга од серијалот преведен на триесет и три јазици, Самуел Бјорк како потврен крими-мајстор нè враќа во минатото и на првиот случај на двајцата познати инспектори. 
 Тела на две убиени единаесетгодишни момчиња се пронајдени на поле среде Шведска.
 Помеѓу нив – бел зајак. Во дневникот на една од жртвите стои загадочна исповед: „Утре излегува месечината. Се плашам од Волкот.“ Случајот останува неразјаснет. Осум години подоцна, уште две деца се убиени на сличен начин во близина на Осло, а помеѓу нив – мртва лисица. На Холгер Мунк, шеф во новата единица во одделението за убиства, му треба помош во решавањето на случајот. 
Добива препорака за младата кадетка Миа Кригер, која на испитите на академијата постигнува невообичаено високи оценки. Мунк и Миа заедно копаат по темните, гнасни случаи, што стануваат многу поинтригантни отколку што можат да замислат, а масло на огнот долева веста за исчезнувањето на уште две дечиња…
 „Феноменален и возбудлив роман од најдобрата скандинавска традиција.“
 Nordic magazine
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!