Ултимативен лек што може да ја излекува секоја болест? Нема шанси!
Такво беше мислењето на Мериен Керингтон, упорен и самоуверен научник, за потрагата на татка си, чија главна цел е да изнајде лек за генетската болест на сестра си, а истата онаа што им ја украде мајка им. Но Мериен ќе мора да ги стави под прашање своите претпоставки откако татко ? ќе падне во кома бидејќи се напил света вода, за која се смета дека содржи остатоци од Дрвото на животот. Татко ? остава интригантни траги што укажуваат дека патувал низ времето.
Што и не е за верување с? додека Мериен не ги тестира неговите теории и не се најде во средниот век, и тоа токму во периодот на една опасна буна. Вилијам Дурам, доблестен и чесен витез, ја спасува Мериен и ? нуди заштита... како нејзин сопруг. Колку подолго останува Мериен во минатото, толку повеќе се приврзува за Вилијам. Ќе го пронајде ли татка си и ќе се врати ли во сегашноста за да ја излекува сестра си?
И кога ќе дојде време за да си замине, ќе сака ли? Џоди Хедлaнд ве води во времето на витештвото и раскажува приказна, која е искрена, реална и фасцинантна. Останува прашањето дали хероите ќе го дочекаат својот среќен крај?
Напишете мислење/рецензија