Првиот и веројатно најведар роман на Кафка ја раскажува приказната за седумнаесетгодишниот Карл Росман, кој по една засрамувачка сексуална авантура со слугинката е „спакуван за Америка“ од страна на родителите.
Очекувајќи да се искупи себеси во оваа „магична земја на можности“, младиот Карл е занесен од изобличени настани и вртоглави авантури.
Кафка никогаш ја немал посетено Америка и уште од првите страници на книгата очигледно е дека не му било целта да даде некаква реална претстава за неа. Слики од имагинарни пејзажи, злокобни опасности, безизлезни ситуации, постојани неправди и гротескни тензии меѓу ликовите го карактеризираат овој генијален роман.
„Америка“ е зачудувачки модерна и визионерска пародија за континентот што буди најразлични асоцијации и чувства, но и многу повеќе од тоа.
Напишете мислење/рецензија
Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се
прикаже по одобрување
Ви благодариме за
споделеното мислење и за
вашата доверба!
Напишете мислење/рецензија